Обама:Мигрантската криза е и наш проблем
Мигрантската криза е и наш проблем, изјави во телевизиско интервју американскиот претседател Барак Обама.
Тој наведува дека мигрантската криза влијае врз политиките на Европа, а тоа го турка напред екстремнодесничарскиот национализам до тој степен што ќе се раздвои европското општество. Обама го критикуваше и рускиот претседател велејќи дека „Путин ги гледа глобално НАТО, ЕУ и трансатлантското единство како закана за руската моќ". Според него, неговиот руски колега не е целосно убеден во идејата за Обединета Европа.
Темата за мигрантите создава бариери меѓу различни држави. Анкета направена меѓу Французите покажува дека над 60% од луѓето во земјата сметаат дека мигрантите се извор на криминал.
Слично
