Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: Ќе ја размонтираме Исламската држава!

Обама: Ќе ја размонтираме Исламската држава!
Соединетите Американски Држави формираат коалиција која целосно ќе ја размонтира радикалната Исламска држава, најави американскиот претседател Барак Обама во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации.ствениот „Единствениот јазик кој го разбираат убијците е јазикот на силата“, рече Обама. Тој нагласи дека САД ќе бидат конструктивен партнер, но оти земјите од Блискиот Исток треба да преземат водечка улога во пресметката со причинителот на порастот на екстремизмот, како и да ги блокираат финансиските средства на терористичките групи. Според Обама, токму блискоисточните земји имаат задача да ги отфрлат верските секти и екстремизмот. Тој ги предупреди и сите оние што и се приклучиле на Исламската држава што поскоро да го напуштат военото поле. Тој зборуваше пред повеќе од 140 лидери од државите во светот, кои се собраа денеска во Њујорк на сесијата на Генералното собрание на ОН, каде меѓу главните теми се очекува да бидат глобалните кризни жаришта и заканата од екстремистичката Исламска држава во Ирак и Сирија.
Слично

Поврзани вести