Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: Ќе ги надминеме заканите од тероризмот

Обама: Ќе ги надминеме заканите од тероризмот

Американскиот претседател Барак Обама се обиде да ја смири американската јавност по терористичкиот напад минатата недела во Калифорнија, по што имаше обраќање, што ќе даде светлина врз активностите на владата против растечката закана, пишува „The New York Times“.

Терористичките активности во Париз и Сан Бернардино биле инспирирани, но не извршени од „Исламска држава“, изјавил Обама.

„Терористичката закана влезе во нова фаза. Јас знам дека по толку многу војни многу Американци се прашуваат дали не сме се соочиле со рак-рана за која нема лек. Заканата од тероризмот е вистинска, но ние ќе ја надминеме“, изјавил Обама.

САД се подготвени да ја уништат секоја терористичка закана, вклучувајќи ја и „Исламска држава“, изјавил американскиот претседател. „Заканата од тероризмот е реална, но ние ќе ја надминеме. Ние ќе ја уништиме „Исламска држава“ или која и да е друга организација која се обидува да ни наштети. Има нешто што Конгресот на САД може да го направи уште сега. Ако Конгресот, како мене, смета дека ние учествуваме во војната против „ИД“, тој треба да гласа за дозвола да се продолжат воените дејствија против овие терористи“, изјавил Обама.

Во исто време американскиот претседател ги повикал технолошките компании да работат заедно со органите на редот во САД со цел спречување на употребата на социјалните мрежи и технологии од терористите, пренесе „Bloomberg“.

„Јас ќе ги повикам хај лидерите и органите на редот да направат потешко за терористите да ја користат технологијата за да избегаат од правдата“, изјавил Обама.

Шефот на државата, повикал на построга контрола над оружјето во САД по нападите во Калифорнија. „Како за почеток Конгресот треба да го обезбеди тоа, никој присутен во листата за забрана на летови, да не може да купи пиштол. Како би можело да е аргумент да се овозможи на терорист да купи полуавтоматски пиштол? Тоа е прашање на национална безбедност“, изјавил Обама.

Истовремено американскиот претседател истакнал дека САД не треба да се вовлекува во големата војна во Сирија и Ирак.

Говорот на претседателот немаше за цел да најави нова стратегија или нова политика во борбата против терористичката закана во САД или во странство. Наместо тоа беше насочена информицијата за Американците и тековните напори на претседателската администрација и да ги повика граѓаните на САД да не подлегнуваат на стравот.

Слично

Поврзани вести