Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама ја вади Куба од црната листа за тероризам

Обама ја вади Куба од црната листа за тероризам

Американскиот претседател Барак Обама претставил извештај до Конгресот со кој изјавува дека има намера да ја извади Куба од листата на држави кои го поддржуваат и спонзорираат тероризмот. Ова негово решение сепак бара одобрение од Конгресот за да стапи во сила.

Кубанската влада ја опиша како „правилна“ желбата на претседателот на САД Барак Обама да ја извади Куба од листата на САД на земјите што го поддржуваат тероризмот, објави кубанското МНР.

„Владата на Куба ја поздравува одлуката донесена од страна на претседателот на САД, да ги укине санкциите кон Куба од листата, во кој таа никогаш не би требало биде вклучена“, се вели во декларацијата.

Во вторникот Обама соопштил на Конгресот за својата намера да ја исклучи островската држава од оваа листа. Тој донел одлуката три дена по историската средба со кубанскиот лидер Раул Кастро во Панама.

Многу републиканци се изјаснија против исклучувањето на Куба од црната листа.

САД продолжуваат да се разминуваат во своите ставови по низа прашања со владата на Куба, независно од одлуката на претседателот Барак Обама да се исклучи островската држава од листата на држави кои го спонзорираат тероризмот, наведе прес секретарот на Белата куќа Џошуа Ернест.

„Остануваат несогласувањата со кубанската влада, но стравувањата во врска со политиката на Куба се надвор од критериумите кои ќе го спречат исклучувањето на републиката од листата на земјите кои го спонзорираат тероризмот“, изјавил портпаролот на шефот на државата.

Куба беше вклучена во списокот на САД во кој се наведени земјите што го поддржуваат тероризмот, во 1982 година, поради нејзината поддршка кон револуционерните движења во Латинска Америка и Шпанија.

Слично

Поврзани вести