Обама ја поддржа Хилари Клинтон во битката за Белата куќа
Американскиот претседател Барак Обама ја поддржа официјално кандидатурата на Хилари Клинтон за претседател на САД пренесоа светските агенции.
Во видео Обама изјавил: „Со неа сум. Возбуден сум и немам трпение да се вклучам во кампањата на Хилари.Не мислам дека некогаш имало човек, поподготвен од неа“.
Видеото беше објавено откако Обама се сретна со другиот кандидат од Демократската партија, сенаторот Берни Сандерс, кој одби да се повлече од трката за номинацијата, освоена на пракса од Клинтон.
Обама и Клинтон беа ривали за време на кампањата за изборите во 2008 година, кои беа добиени од претседателот. Потоа Клинтон стана негов државен секретар во првиот мандат.
Отворено изразената поддршка на Обама сега го засилува притисокот врз сегашниот ривал на Клинтон, сенаторот Берни Сандерс, да се повлече од трката за да може Демократската партијата да се фокусира на кампањата против Доналд Трамп, најверојатен кандидат за претседател на Републиканската партија.
