Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама испраќа војници во Ирак – тврди дека ќе ја обезбедуваат амбасадата

Обама испраќа војници во Ирак – тврди дека ќе ја обезбедуваат амбасадата
Вкупно 275 американски војници ќе бидат распоредени во Ирак, во услови на зголемени тензии заради офанзивата на радикалната Исламска држава на Ирак и Левент во оваа земја, американскиот претседател Барак Обама го информираше Конгресот. „Тие сили ќе бидат ангажирани за заштита на американските граѓани и имот, а доколку биде потребно ќе бидат опремени и за борба. Силите ќе останат во Ирак се додека безбедносната ситуација не стане таква што веќе нема да биде потребно нивното присуство“, рече Обама. Околу 160 американски војници веќе се наоѓаат во Ирак, вклучувајќи и 50 маринци, а дел од нив неодамна пристигнале во земјата. САД ќе испратат и уште 100 војници во „блиска трета земја“, како резерва, кои ќе бидат подготвени за брзо распоредување доколку биде потребно. Белата куќа тврди дека распоредувањето на американскиот воен персонал во Ирак е со согласност на ирачките власти.
Слично

Поврзани вести