Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБАМА ИМА СПИСОК СО ЖЕЛБИ: Што ќе побара од светот?

ОБАМА ИМА СПИСОК СО ЖЕЛБИ: Што ќе побара од светот?

Американскиот претседател Барак Обама на самитот на Г20 ќе ги повика лидерите на најразвиените земји да ја искористат фискалната политика и други средства за поттик на економскиот раст.

Обама ќе упати апел и да се намали преголемиот капацитет на челичани, најави американскиот министер за финансии Џек Лу.

САД исто така од членките на Г20 ќе бара да посветат поголемо внимание на незадоволните граѓани кои не почуствувале подобрување во текот на глобалното економско оправување, рекол Лу, објаснувајќи ја пораката на Америка која на самитот 4 и 5 септември во кинескиот град Хангџоу ќе ја пренесе Обама.

„Постои голема загриженост поради глобализацијата и технологијата, но одговор не може да биде да се затвориме“, рекол тој.

Според неговите збороци, Г20 мора да пронајде начин за подобрување на животниот стандард на сиромашните, како и на семејствата од средниот слој.

Обама, како што додал, ќе инсистира во рамки на Г20 банкарските услуги да се направат подостапни до сите.

Американскиот претседател исто така ќе побара повеќе земји да покренат ревизија на програмот за субвенционирање на енергенти, што е дел од планот на Г20 за гасење на неефикасните програми за поттикнување на продажба на нафтени деривати.

Слично

Поврзани вести