Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама и Саудискиот крал за стабилноста на пазарот на нафта

Обама и Саудискиот крал за стабилноста на пазарот на нафта
Саудискиот крал Салман и американскиот претседател Барак Обама разговарале за стабилноста на пазарот на нафта, соопштил денеска еден висок претставник од администрацијата на Обама.
Одговарајќи на новинарски прашања во претседателскиот авион „Ер форс ван“, откако Обама ја напуштил Саудиска Арабија, претставникот рекол дека двајцата државници не разговарале за сегашните цени на нафтата.
Кралот Салман рекол дека Саудиска Арабија ќе продолжи да ја игра својата улога на глобалниот енергетски пазар и дека никој не треба да очекува промена во позицијата на таа држава, рекол неименуваниот претставник, пренесува Ројтерс.
Обама го поставил прашањето за човечките права во разговорот со кралот, но не разговарале за поединечни случаи, додал истиот претставник.
Американскиот претседател ја скратил посетата на Индија и отпатувал денеска во Саудиска Арабија за да му оддаде почит на починатиот крал Абдулах.
Слично

Поврзани вести