Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама и Ромни трошеле неброено за избори

Обама и Ромни трошеле неброено за избори

Расходите за предизборната кампања во САД се над две милијарди долари со што и официјално се најскапите во политичката историја на државата.

Според податоци на Федералната изборна комисија, расходите на штабот на Ромни се над една милијарда долари, додека расходите од тимот на Обама исто се над една милијарда долари.

Во „финалниот“ дел Ромни доби донаторство од 33 милиони долари од еден човек - милијардерот Шелдон Аделсон, кој поседува казино во Лас Вегас. Тој и сопругата донираа за републикански кандидати - 95 милиони долари.

Според финансискиот отчет, Обама најмногу пари во последен момент добил од политичкиот комитет Прајоритис Ју-Ес-Ди, од 15 милиони долари. За реклама кандидатите потрошиле околу 500 милиони долари.

Слично

Поврзани вести