Обама и Путин кренаа слушалка поради Едвард Сноуден
Случајот со Едвард Сноуден ги натера американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин да се слушнат по телефон, но засега медиумите не објавуваат детали за нивниот разговор.
Претходно Белата куќа ја предупреди Русија дека ако му даде азил на Сноуден, ќе даде и како што посочија, основа за пропаганда. Разговорот доаќа откако вчера Сноуден објави дека повторно база азил во Русија иако претходно се обидуваше да го добие во некоја од латино-американските држави.
Тој имаше средба со активистите за човекови права на аеродромот Шеремјетјево, во транзитната зона каде што престојува откако пристигна од Хонк Конг.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека доделување на азил на Сноуден не е во согласност со руските изјавидадени досега.
Сноуден како поранешен вработен во ЦИА се товари за разоткривање на доверливи податоци во САД.
Слично
