Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама и Путин го поддржаа примирјето во Сирија

Обама и Путин го поддржаа примирјето во Сирија

Претседателите на САД Барак Обама и на Русија Владимир Путин изразиле поддршка за примирјето во Сирија во телефонски разговор за граѓанската војна таму, пренесе ТАСС.

Телефонскиот разговор бил на иницијатива на Белата куќа.

Главна тема во разговорот биле мировните преговори во Женева.

Обама му се заблагодарил на Путин за руската помош при ослободување на американскиот државјанин Патрис Доус, уапсен по илегално влегување во Сирија.

Од своја страна Путин изразил потреба од Разликување на сириските опозициски групи од групите како „Исламска држава“.

Рускиот претседател рекол уште дека очекува од новата влада на Украина да започне директен дијалог со Донбас, да прогласи амнестија, да ги оствари уставните реформи и да го воведе договорениот закон за посебен статус со Донецк и Луганск.

Слично

Поврзани вести