Обама и Меркел ги усогласија ставовите за Украина
Белата куќа информираше дека ситуаацијата во Украина била тема на телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел.
Претседателот Обама, во телефонскиот разговор со Меркел, изразил задоволство од единствената позиција на ЕУ и САД за Украина.
Обама и Меркел било на ист став по однос на тоа дека Русија треба да ги повлече своите војници од Крим, да дозволи распоредување на меѓународни набљудувачи, како и да поддржи одржување на мирни и слободни избори во Украина во мај. Обама и Меркел се согласиле брзо да биде формирана контакт-група, која ќе го води дијалогот меѓу Москва и Киев за деескалирање на ситуацијата и обнова на територијалниот интегритет на Украина.
Двајцата лидери, во својот телефонски разговор го потврдиле својот немир поради јавното повредување на меѓународното право од страна на Русија со нејзината воена интервенција во Украина.
Слично
