Обама и Камерон: Уште едно предупредување за Русија!
Претседателот на САД Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон денеска уште една ја обвинија Русија дека го крши меѓународното првао и ја предупредиле дека ќе трпи серизони последици доколку продолжи да се меша во украинската криза.
„Ако Москва продолжи да го крши меѓународното право и мировниот договот на кој се ангажираше пред неколку недели, изолацијата со која се соочи ќе продолжи“, рекол Обама на конференцијата за новинари на самитот на економски најразвиените земји на светот Г20 во Бризбејн.
Дејвид Камерон оценил дека САД и ЕУ пратиле „јасна порака“ за начинот на кој светските сили ќе пристапат за украинската криза во следните неколку месеци или години.
„Ќе продолжиме да вршиме притисок, и ако Русија продолжи да ја дестабилизира Украина, ќе следат други мерки (санкции)“, рекол Камерон.
Поради силните тензии помеѓу САД и Еу, од една и Русија од друга страна, рускиот претседател Путин го напуштил самитот Г20 пред официјалниот завршеток.
