Обама и ЕУ обединети за санкции против Путин
Рускиот енергетски сектор би можел да биде следен на листата што ќе добие економски санкции од САД и ЕУ, најави американскиот претседател Барак Обама при посетата на Брисел.
Во седиштето на ЕУ тој се сретна со претседателот на Евроопската комисија Жозе Мануел Баросо и со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Очекувано, кризата во Украина, односите со Русија и последиците што можат да ги донесат дополнителните тензии биле главна тема.
„Обединети сме во настојувањето да ја изолираме Русија и да се погрижиме да ја плати цената за своите потези. Светот е посигурно и поправедно место кога Америка и Европа стојат заедно“, рече Обама во Брисел.
Но, дополнителните тензии ја нагласуваат и потребата за Европа да најде други извори за покривање на нејзините енергетски потреби, со што ќе ја намали енергетската зависност од Русија, констатираше американскиот претседател.

Слично