Обама го зголеми буџетот на сајбер војската на САД, цели - Русија, Кина...
Неодамна создадената специјална група за сајбер безбедноста на Пентагон, која брои 5.000 лица, е подготвена за спроведување на операции. „Cyber Mission Force“ ќе може да смета на значително зголемен буџет во 2017 година, објавија американските медиуми.
Во предлогот на Барак Обама за федералниот буџет на САД следната година се предвидени 19 милијарди долари за информатичка безбедност, што е за 5 милијарди повеќе отколку што е утврдено во буџетот за 2016 година.
Пентагон, особено побарал 6,8 милијарди за спроведување на сајбер операции во 2017 година, соопшти Блумберг. Со оваа активност ќе се занимава токму групата „Cyber Mission Force“. Таа брои 5 илјади луѓе, поделени во 133 екипи, со задача да ја засилат безбедноста на воените компјутерски мрежи на САД и да спроведуваат сајбер напади против терористичките организации.
Целосната оперативна подготвеност на групата ќе биде достигната во 2018 година, откако во тоа време составот нејзини ќе порасне за уште 1.200 лица. Според Боб Стасио, поранешен оперативен директор на Центарот за сајбер операции при Агенцијата за национална безбедност (НСА), „Cyber Mission Force“ ќе се фокусира на приоритетните насоки, вкл. терористички групи, Русија, Кина, Иран и „Исламска држава“.
Досега владините сајбер операции се одржуваа од различни организации - НСА, сајбер командата при Пентогон и други воени институции. Оттука натаму акциите ќе се врши централизирано, со минимални бирократски процедури.
Во буџетот за 2016 година претседателот Обама предложи 14 милијарди долари за сајбер безбедноста, што беше само 1 милијарда повеќе отколку во 2015 година. Во контекст на ова, растот на трошоците за 5 милијарди во 2017 година изгледа импресивен.
3,1 милијарди од предвидените 19 милијарди долари за 2017 година се наменети за модернизација на компјутерската опрема во различни федерални агенции. 62 милиони се очекува да бидат потрошени за привлекување на висококвалификувани специјалисти за ИТ безбедност.
Како причина за зголемениот буџет за информациска сигурност се наведуваат бројни големи сајбер напади, на кои беа подложени САД во последните месеци, вкл. серверите на Демократската партија во јуни 2016 година. Не е сигурно, сепак, дека предложениот од претседателот Обама буџет ќе биде одобрен од Конгресот, каде надмоќ имаат републиканците.
