Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама го укина ембаргото за продажба на американско оружје за Виетнам

Обама го укина ембаргото за продажба на американско оружје за Виетнам

Претседателот на САД Барак Обама го укина ембаргото на продажба на американско оружје за Виетнам.

Обама го објави ова за време на својата посета на Социјалистичка Република Виетнам. Досега Вашингтон никогаш не продавал оружје на Виетнам, со кого водеше долготрајни и крвави војни во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Во последната деценија во односите меѓу поранешните противници беше направен сериозен пробив.

Меѓу Виетнам и САД има активни економски контакти, а исто така се забележува зближување покрај растечката кинеска моќ во Југоисточна Азија.

Растечкото влијание и претензии на Пекинг во регионот се гледаат со загриженост како од Ханој, така и од Вашингтон.

Слично

Поврзани вести