Обама го повика светот да се помоли за христијаните во Сирија и Ирак
Американскиот претседател го повика светот да се помоли за христијаните во Сирија и Ирак во пресрет на престојните празници. Во новогодишната или божиќната порака, Барак Обама посветил посебно внимание на обичните жители во окупираните територии од „Исламската држава“ во Сирија и Ирак.
Претседателот на САД изразил сочувство за сите христијани кои се прогонувани од терористите кои нема да можат да се соочат со празникот.
„Во некои земји во Блискиот Исток, каде црковните ѕвона од векови се јавувале на Божиќ, оваа година ќе останат замолкнати“, изјавил Обама.
Божиќните празници за американскиот државен врв беа објавени од Белата куќа, додека претседателското семејство се подготвува за празникот да одмори на Хаваите.
Слично
