Обама го потпиша законот кој го ограничува прислушувањето на НСА
Претседателот на САД Барак Обама го потпиша законот, за ограничување на следењето, на американската Агенција за национална безбедност, соопшти Франс прес.
Потпишан од Обама Законот за слободата, има за цел да ја ограничи програмата на НСА по собирање на метаподатоци од телефонски разговори (час на повикот, времетраење на разговорот, биран број).
Тоа беше еден од најпознатите критикувани мерки од законот, познат како "Патриототскиот чин", донесен по нападите од 11 септември.
Со 67 наспроти 32 гласа Сенатот го одобри порано нормативен акт, а пред месец дена зелено светло даде и Претставничкиот дом.
Законот ќе ја пренесе на телекомуникациските компании одговорноста да ги собираат податоците до кои властите ќе имаат пристап само со судска одлука.
Текстот предвидува да биде дадено повторно право на НСА да следи и прислушува лица кои се осомничени дека подготвуваат самостојни напади и други активности кои ја загрозуваат безбедноста.
Досегашниот систем на масовно следење од страна на НСА беше разобличен од нејзиниот поранешен соработник Едвард Сноуден во 2013 година, поради што програмата беше изложена на многу критики дека ја нарушува приватноста.
НСА го прекина целосно собирањето на метаподатоци во полноќ меѓу неделата и понеделникот, бидејќи истече дејството на член 215 на "Патриотскиот чин".
