ОБАМА ГО ОПОМЕНА ПУТИН: Не се мешај во војната во Сирија
Американскиот претседател Барак Обама го предупреди својот руски колега Владимир Путин за интервенцијата во граѓанската војна во Сирија, порачувајќи му да биде свесен за опасноста од влезот во крвавиот конфликт, пренесе Си-Ен-Ен.
„ Сеќавањата од Авганистан се уште се свежи, и мислам дека Путин треба да сфати дека влегување во нов граѓански конфликт не е она што тој бара” – му порача Обама.
Американскиот претседател вели дека се согласува со Путин дека е потребно политичко решение за воениот конфликт во Сирија. Но, тој инститира да се симне од власт актуелниот претседател Башар ал Асад.
На големата конференција за климатските промени, Обама потенцира дека во стратегијата за уништување на ИСИС мора да се направат напори и за сузбивање на финансирањето на терористичката организација.
