Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама го именуваше Картер за нов шеф на Пентагон

Обама го именуваше Картер за нов шеф на Пентагон

Американскиот претседател денеска го именнуваше Ештон Картер за нов министер за одбрана на САД наведувајќи дека тој е „истакнат лидер во националната безбедност“.

Обама на свеченоста во Белата куќа го објави именувањето на Картер, ветеран во Пентагон за кој се смета дека му припаѓа на политичкиот центар, па и не се очекуваат проблеми при потврдувањето на неговата номинација во Сенатот.

По повод именувањето на Картер, претседателот на САД рекол дека е потребно да се направат „паметни избори“, токму за тоа што има толку предизвици“.

Картер е почитуван физичар и научник а добил и пофалби од републиканците. Тој ќе дојде на местото на Чак Хејгел, кој под притисок минатата недела поднесе оставка.

Во краткиот говор Картер назначил дека нема да се  двоуми да го изрази своето мислење за својата нова улога.

Иако Белата куќа негираше дека лошо влијаела на работата на Пентагон, претставници јасно ставиле до знаење дека Обама не планира да ја попушти контролата над министерството за одбрана.

Слично

Поврзани вести