Обама ги потпиша санкциите за Северна Кореја
Соединетите Американски држави воведоа нови санкции за Северна Кореја, како одговор за неодамнешниот хакерски напад врз компанијата „Sony“.
Санкциите ги одобри американскиот претседател, Барак Обама, а се однесуваат на разузнавачките служби од Пјонгјанг, како и на трговците со оружје од Северна Кореја.
Исто така, санкциите ќе бидат спроведени и против десет функционери, кои главно се вработени во разузнавачките служби.
„Ова не значи напад врз народот на Северна Кореја, туку напад кој е насочен кон Владата и нејзините активности кои ги загрозуваат интересите на САД“, се наведува во писмото на Обама испратено до лидерите на Сенатот.
Ова се први санкции на САД кон Пјонгјанг кој според САД е одговорен за хакерскиот напад.
Претходно САД воведоа санкции за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.
Слично
