Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: Фејсбук придонесува за политичка поларизација

Обама: Фејсбук придонесува за политичка поларизација

Поранешниот американски претседател Барак Обама во првото интервју по напуштање на функцијата ја обвини Русија за ширење на лажни вести преку Фејсбук и дека го злоупотребила недостатокот од доверба на Американците кон основните факти за да се инволвира во демократските процеси на САД.

„Токму тоа се случува на оние Фејсбук страници, каде се повеќе луѓе главно ги добиваат вестите. Во одреден момент се наоѓаш себеси затворен во меур и донекаде поради тоа политиката денес е толку поларизирана, посочи Обама.

Обама во разговорот со легендарниот водител Дејвид Летерман истакна и дека во САД одредени медиумски ТВ мрежи имаат тотално различни уредувачки политики со застапување на само една страна од политичкиот спектар што исто така создава паралелни слики за општеството.



Слично

Поврзани вести