Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама е уверен дека „Исламска држава“ ќе биде поразена

Обама е уверен дека „Исламска држава“ ќе биде поразена

Американскиот претседател Барак Обама изразил увереност дека групата „Исламска држава“ на крајот ќе биде поразена и избркана од Ирак, но според него тоа нема да биде лесно и ќе биде потребно време, пренесоа светските агенции.

Обама изјавил дека се уште има значителни предизвици во Ирак, каде што „Исламска држава“ контролира големи територии, а неодамна го зазеде важниот град Рамади.

Според него, сепак успехот против групата ќе зависи од ефикасна меѓународна коалиција, поддржувана од ирачкиот премиер Хајдер ал Абад.

Обама додал дека е „целосно уверен во успехот“, ако меѓународната коалиција го поддржува Абад, а ирачкиот премиер ја има владата која ги претставува сите.

Абад му се заблагодари на американскиот претседател и лидерите од Г-7 за нивната поддршка и изрази уверување во конечната победа. Обама изјавил на средба со Абад на форумот на Г-7 во Германија дека заземањето на Рамади од „Исламска држава“ може да е краток тактички успех.

Ирачкиот премиер ја повика меѓународната заедница да помогне во тоа да се спречи групата да заработува од шверц со нафта.

Слично

Поврзани вести