Обама бара 8,8 милијарди долари за борбата против Исламската држава
Американскиот претседател Барак Обама бара од предлог буџетот за 2016 година да се издвојат 8,8 милијарди долари за финансирање на борбата против Исламска држава, за зајакнување на ирачката војка и на умерената опозиција во Сирија.
Околу 5,3 милијарди долари ќе бидат одвоени за Министерството за одбрана, како и за финансирање на воздушните напади на коалиционите сили врз џихадистите во Ирак и Сирија, а 3,5 милијарди долари за потребите на Стејт департментот.
Средствата се дел од барањата на владата на Обама од 58 милијарди долари за итни операции вон границите на државата.
Слично
