Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: Африка се развива и се оддалечува од сиромаштијата

Обама: Африка се развива и се оддалечува од сиромаштијата

Американскиот претседател Барак Обама ги пофали економскиот и бизнис потенцијал на Африка за време на говорот во Најроби, каде е во посета за прв пат откако е на функцијата шеф на државата.

„Африка се развива. Луѓето се оддалечуваат од сиромаштијата, приходите се креваат, средната класа расте“, изјавил Обама. „Африка е еден од најбрзо растечките региони во светот“, додал уште претседателот.

Обама треба да го посети споменикот на атентатот од 1998 година, дело на „Ал Каеда“, пред преговорите за безбедноста со претседателот на Кенија.

Прва посета како шеф на државата во татковината на неговиот татко започна вчера.

Кениски медиуми го оценија патувањето како „враќање дома“, а толпите луѓе аплаудираа пред моторизираната придружба на претседателот од аеродромот.

Подоцна Обама се очекува да одржи билатерални разговори со кенискиот претседател Ухуру Кенија. Дописникот на „Би-Би-Си“ за Источна Африка, Карен Ален соопшти дека напорите на Кенија во борбата против тероризмот ќе биде главна тема на разговорот.

Слично

Поврзани вести