Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОАЕ: Не одете со традиционалнa облека во странство

ОАЕ: Не одете со традиционалнa облека во странство

Повод за предупредувањето се постојаните проверки од безбедносни причини на аеродромите.

Откако голем број европски земји воведоа забрана за носење на бурка на јавни места, проблемите за луѓето со хиџаб продолжуваат. Властите во Обединетите Арапски Емирати ги предупредија своите поданици да избегнуваат да носат традиционални облеки, кога патуваат во странство. Конечната одлука што е нетипично за земјата доаѓа по случај на уапсен државјанин на меѓународен аеродром. Станува збор за маж кој е уапсен во градот Авон во американската држава Охајо, бидејќи бил осомничен за тероризам. Поради апсењето во Охајо емиратското Министерство за надворешни работи изразило незадоволство пред заменик-амбасадорот на САД во ОАЕ,  Итан Голдрич. Дипломатот ветил дека ќе побара појаснување за притворот од властите на Охајо.

Нетипичното предупредување сепак беше упатено и кон жените, да не го покриваат своето лице во земјите во Европа.

Слично

Поврзани вести