Нуркачите ја пронајдоа црната кутија од индонезискиот авион
Индонезиските спасувачки тимови денес ја пронајдоа црната кутија од индонезискиот авион на „Ер Азија“ кој се урна пред две недели при што загинаа 162 лица, соопштиле индонезиски официјални претставници.
Три индонезиски брода денеска успеале да го регистрираат сигналот на црната кутија на авионот на „Ер Азија“ во регионот во кој се верува дека е лоциран и трупот на леталото.
Според индонезиските претставници, како што пренесува агенцијата Синхуа, сигналот на црната кутија е детектиран на еден километар источно од локацијата на која се верува дека лежи трупот на авионот.
Од црната кутија се очекува да бидат најдени податоци кои ќе укажат на причините на падот на авионот.
Црната кутија ги бележи главните податоци за летот и може да испраќа сигнал две недели, колку што всушност трае вградената батерија во него.
Летот на „Ер Азија“ се урна во море со 162 патници и членови на екипажот кои летаа до Сингапур на 28 декември.
До сега нуркачите пронајдоа 48 тела од кои 27 се идентификувани.
Слично
