Нуриел Рубини: Пазарот ќе крахира за две години!
Познатиот економист Нуриел Рубини неодамна изјави дека пазарите на акции се уште не се во фаза на создавање на т.н балон.
Меѓутоа, вели тој, силен раст во вредноста на ризичните средства би можело да се очекува во наредните две години што ќе доведе до опасност од силно рушење на пазарот.
Според Рубини, има голем расчекор помеѓу она што го покажува Вол Стрит и она што го носи реалната економија, односно вистинската американска економија останува слаба.
Неговите коментари беа кажани на приватна вечера во Лас Вегас веднаш по рекордните достигнувања на индексот „Dow Jones“ и „S&P 500“ за време на тргувањето на берзата.
Овој раст без значителни промени во цените, е постигнат благодарение на многу лабавата монетарна политика на главните централни банки во светот, како и солидните бизнис перформанси на компаниите.
Многу аналитичари очекуваат натамошен пораст на пазарот, но некои веруваат дека следната есен ќе следи силен пад, бидејќи ситуацијата во најголемата економија во светот е далеку од розова.
Слично
