Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

Нуклеарните постројки никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти, напишаа од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на социјалната мрежа Твитер по објавата дека Израел извршил напади врз Иран. 

Од агенцијата објавија дека нема штета на иранските нуклеарни постројки, откако Израел изврши одмазнички напади. 

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме двете страни на екстремна воздржаност. Нуклеарните објекти никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти“, се вели во соопштението на МААЕ на IX (Твитер).

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Потоа Израел предупреди дека ќесе одмазди за нападот со стотици проектили и беспилотни летала, од кои најголемиот дел без пресретнати од противвоздушната одбрана. Инаку, нападот на Иран врз Израел беше одмазда за нападот врз иранскакиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа неколку високи офицери. Иран за нападот во Сирија го обвини Израел, а Тел Авив ниту потврди ниту демантираше дека стои зад нападот. 

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести