Нуклеарна војна во Кашмир би однела 12 милиони животи
Нуклеарна војна лесно би можела да избре во Кашмир на границата меѓу Пакистан и Индија, што би довело до 12 милиони жртви, а би влијаело на милјарда луѓе, велат воени стручњаци.
Веќе 20 години границата во Кашмир е најопасно место. Двете земји имаат нуклеарно оружје, а мали немири би можеле да доведат до војна. Исламабад одлучи да распореди нуклеарно оружје со ограничена јачина долж границата со Индија во базите. Загрижува фактот што за испалување на ракети со нуклерани боеви глави со домет од 60 до 100 км одлучуваат локалните команданти.
Од нуклеарна војна во Азија, од чадот би можеле да имаат последици милјарда луѓе. Двете земји постојано го зголемуваат нуклеарното оружје.
Кашмир е спорно подрачје од 1947 година, при што Пакистан доби третина, Индија половина, а Кина подоцна го зема остатокот.
