Економија, финансии, бизнис

Контакт

НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА ОД ЗАПОРОЖЈЕ СЕ ЗАКАНУВА НА 10 ЗЕМЈИ: Инспекторот за нуклеарна енергија Кузњецов откри каде ќе има големо зрачење

НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА ОД ЗАПОРОЖЈЕ СЕ ЗАКАНУВА НА 10 ЗЕМЈИ: Инспекторот за нуклеарна енергија Кузњецов откри каде ќе има големо зрачење

Поранешниот главен инспектор за нуклеарна енергија на Советскиот Сојуз, Владимир Кузњецов предупредува дека нуклеарната електран секој момент може да биде погодена од проектилите и дека особена опасност е складиштето за нуклеарен отпад, пишува Media Pakuan. Тој пред два дена изјави дека ако складиштето во кое се складира потрошеното нуклеарно гориво биде погодено од ракетна експлозија, ќе предизвика оштетување и истекување на радијација.

„Ако 20 до 30 нуклеарни контејнери бидат уништени во напад, радијацијата ќе влијае на околу девет земји, имено Турција, Бугарија, Романија, Словачка, Чешка, Полска, балтичките земји и секако Западна Украина“, рече тој.

Русија ја обвинува Украина за намерно гаѓање на објектот и предупредува дека голема нуклеарна катастрофа, и несреќата каква што беше во Чернобил во 1986 година, може да биде десеттина пати поголема.

Владата во Киев ги негира овие обвинувања и тврди дека руски војници отвориле оган врз електраната за да ја заробат украинската војска. Обединетите нации го нарекоа самоубиствен напад и предложија да се испрати делегација од Меѓународната агенција за атомска енергија.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести