НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ПОВТОРНО ЦЕЛ НА НАПАДИ: Страшни сценарија ако протече радиоактивен отпад
– Енергодар и нуклеарната централа повторно се мета на
гранатирање на украинските сили. Според очевидци, во градот повторно се слушаат експлозии – напиша
на „Телеграм“ високиот локален функционер Владимир Рогов – пренесува „Спутник“.
Тој додаде дека властите ќе бидат принудени да ја зачуваат електраната доколку продолжи гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје.
Истовремено, официјален Киев обвинува дека нуклеарката е цел на руските сили и дека работниците се заложници повеќе денови.
Во меѓувреме експертите предупредуваат на страѓни сценарија ако дојде до протекување на нуклеарен отпад.
Тие се согласуваат дека еден од најголемите предизвици ќе биде давање медицинска помош на населението изложено на токсините, како и смирување на паниката и евакуација на луѓето. Според експертите, за многу луѓе стравот од радијација може да биде поопасен од самото зрачење.
- Најпроблематичното прашање за Владата може да биде како да се справи со голем број пациенти - предупреди Амели Штоцел и нагласи дека во меѓувреме ќе има долгорочна катастрофа.
- Тоа не е нешто на што луѓето ќе бидат изложени токму сега и само ќе паднат и ќе умрат... Може да има огромна, психолошка штета - се согласи професорот М.В. Рамана.
Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Днепар, во близина на градот Енергодар. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и капацитет. Станицата има шест енергетски блокови VVER-1000, секој со капацитет од 1 гигават.
