НУДАТ КУЌИ И ДОБРА ПЛАТА: Град во Нов Зеланд во потрага по работници
Нов Зеланд отсекогаш бил земја која има потреба од квалификуван кадар. Многупати досега пишувавме какви професии најмногу бара оваа земја, а сега ви пренесуваме еден поинаков оглас.
Се работи за град кој се наоѓа југот на Нов Зеланд, со вкупно 800 жители и повеќе од 1.000 празни слободни места за различни профили, а највеќе во земјоделството.
Каитангата очајно бара работници а нуди и куќи, но како што тврдат од градската управа не им се плаќа на работниците да се преселат таму, како што пишуваа некои светски медиуми.

Според градоначланикот на ова градче станува збор за различни работни места кои се добро платени.
„Кружат приказни низ светските медиуми дека ќе им плаќаме на луѓето 230.000 новозеландски долари да се доселат во Каитангата и за тоа да го контактираат градоначалникот. Меѓутоа тоа е апсолутна невистина“, стои на официјалниот сајтот на градот.
Целта на градот е да се пополнат слободните работни места а новодојдените ќе бидат дочекани со раширени раце.
Просечната плата во 2014 година, на ниво на Нов Зеланд изнесувала 2.800 евра.
