НОЖ ВО ГРБ НА РУСИЈА: Киев го затвори небото за руски цивилни авиони
Украина им забрани на сите руски авиони премин низ нејзиниот воздушен простор, соопшти денеска украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Yatsenyuk_AP/status/669471871222587392?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Украинската влада ја донела одлуката да воведе забрана на сите транзитни летови на сите руски авиокомпании низ воздушниот простор на Украина-рекол Јаценјук на состанокот на украинската влада пренесоа светски медиуми.
Украина минатиот месец им забрани на сите руски авиокомпании да летаат за Украина, но руски авиони можеа да прелетаат низ нејзина територија. Одлуката е донесена во ек на напнатост помеѓу двете држави, после присоединувањето на Крим кон Русија минатата година и конфликтот во источна Украина во кој загинаа повеќе од 8000 лица.
Слично
