Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новото седиште на „Епл“ – отелотворение на идеите на Стив Џобс, ќе чини фантастини, 5 милијарди долари

Новото седиште на „Епл“ – отелотворение на идеите на Стив Џобс, ќе чини фантастини, 5 милијарди долари
Калифорниските власти го одобрија проектот за изградба на ново седиште на технолошкиот гигант „Епл“ во Купертино. Изградбата на седиштето ќе чини пет милијарди долари, според информациите на „Меркјури њуз“. Високата цена на проектот се должи на трошоците за внатрешниот распоред на објектот, како и тоа што во дизајнот и ентериерот ќе бидат отелотворени голем број идеи на покојниот основач на компанијата Стив Џобс. Архитектурата на концептот, според замислата на Џобс, треба да потсетува на приземјен вселенски брод. Во внатрешниот отворен простор и околу објектот ќе биде распространет голем парк со над 300 видови на дрвја. Освен научни лаборатории во зградата ќе има и спортска сала и подземен паркинг. Изградбата на новото седиште на „Епл“, каде се очекува да работат 12 илјади луѓе, ќе заврши во 2016 година.
Слично

Поврзани вести