Новото лице на H&M?!
Сите тие се дел од новото лице на текстилниот гигант H&M- линиите на COS , Weekday , Monki , & Other Stories , Garment - Collecting , Conscious Exclusive . Во Македонија оваа компанија ја нема, оттаму ги демантираат и најавите за скорешен влез во земјава.
До неодамна шведската компанија важеше за компанија која прави евтина и достапна облека за сите. Сепак H & M трпи сериозни трансформации. Засега тие се случуваат на некои од поголемите развиени пазари на кои марката е присутна со децении каде главен бизнис остануваат брзите и евтини колекции за масовната публика . Но минатата година имаше повеќе иницијативи и проекти со цел да се подобри имиџот на компанијата и да обезбедат услови за долготраен раст. Швеѓаните напорно инвестираат во нови брендови и ланци кои вложуваат во квалитет, но и високи цени. Денес компанијата изгледа сосема поинаку во споредба со сликата , која ја имаше пред 10 или 15 години .
& Other Stories е најновата историја на шведската текстилна компанија и создава најголем интерес меѓу аналитичарите на пазарот и конкурентите. Тоа е нов ланец за облека под капата на H&M , која отвори први продавници во неколку западноевропски градот. Почетокот беше во март оваа година , а синџирот веќе има објекти во седум европски земји и продава онлајн во вкупно десет. Брендот е меѓу оние кои во наредните месеци и години ќе расте активно , велат од компанијата. & Other Stories е да се потпира на квалитет и дизајн .
„Дури и кога има место за уште продавници на H & M и другите брендови кои веќе постојат , еден нов бренд е начинот на кој да се обезбеди долгорочен раст за групата" , вели портпаролката на компанијата Џени Тапер Хоел.Синџирот е за оние кои не се чувствуваат дел од целната група на H&M. Цените се доста повисоки.
H&M не е првата компанија која го разграни бизнисот и во исто време отвора продавници на блиско растојание една од друга , кои се во различни сегменти , но од време на време се преклопуваат. Логиката е на едно место да се концентрираат максималниот број на клиенти кои може да најдат нешто за себе во барем една од објектите на компанијата.
Истата стратегија , иако одамна , ја следи главниот конкурент на Швеѓаните - шпанскиот моден гигант Inditex . Компанијата често отвора " во пакет " продавници на најпопуларната марка ZARA заедно со други имиња како Bershka , Pull & Bear , Massimo Dutti и др .
Концептот е познат и за компаниите надвор текстилната индустрија, како на пример германската групација Schwarz со Kaufland и LIDL , REWE со неколку синџири како BILLA , Penny , Merkur или козметичката Bipa .
Другата промена , на која се подложува шведскиот гигант , е да се исчисти имиџот на бизнисот во насока на одржливост и грижа за светот. Или сето она што во корпоративното управување се подразбира под терминот sustainability. Лани H&M излезе со извештај од речиси сто страници , во кои раскажува какви иницијативи се започнати, како тоа дека е прва меѓу текстилните компании во употребата на органски памук .
Во 2012 Швеѓаните почнаа програма за собирање на стари алишта ( Garment - Collecting ) во 1500 од нивните продавници. Клиентите можеа да вратат таму секакви стари алишта кои ги нашле дома и кои не користат, независно од брендот и намената . Во замена добиваа ваучер за попуст , до 15% .
Големото „НО“
Покрај сите овие иницијативи многумина остануваат скептични дали станува збор за нова начин на однесување , или на крајот сето тоа е успешен и добро промислен PR . Некои од аргументите за поддршка на последното се дека дури и да е број еден компанија за користење на органски влакна , тие заземаат само 7% од вкупната количина текстил , кое оди во облеката на H&M.
Претставници на меѓународната иницијатива CCC ( Clean Clothes Campaign ) гледаат критично на навидум најдобрите иницијативи. Додека Ванеса Паради ( рекламно лице на „зелената " колекција ) се шета во нежна облека, стотици и илјадници работници работат на машини за шиење во Азија со плата под егзистенцијалниот минимум , коментираат активисти на граќанските организации во Германија .
„За да постојат и заработи , овие компании треба да минимализираат трошоците. Инвестирањето во рециклирани материјали и подобри услови за работа не би биле оправдани од гледна точка на крајната цел - профит. И тука доаѓаме до судир помеѓу евтино и органско. Моделот би можел да проработи , ако топката ја преземе крајниот корисник и тој е подготвен да плати повисока цена . Засега скептицизмот е присутен, а доказот е то што пред касите во продавниците има огромни редици“, посочуваат познавачите на текстилната индустрија.

Слично