Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новотни: Ниските камати даваат сигурност на пазарите

Новотни: Ниските камати даваат сигурност на пазарите
Уверувањата на главните централни банки дека каматите ќе останат ниски подолг временски период даваат на пазарите „одредена сигурност“. Ова го изјави членот на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ ) Евалд Новотни , кој истакнува дека тековната политика е резултат од слабиот економски раст и висок степен на несигурност , пишува Ројтерс. „Централните банки им ја даваат на пазарите посакуваната безбедност со пониските нивоа на каматните стапки " , истакна тој за време на економска конференција во Австрија. Сепак Новотни вели дека новиот инструмент на ЕЦБ , познат како „Идните насоки " не е безусловен . Преку овој инструмент централната банка цели на давањето јасен знак на пазарите за тоа каква намера имаат со нивото на каматните стапки во блиска иднина . Овие насоки се од особена важност за инвеститорите , бидејќи им дозволуваат да изградат и долгорочни стратегии за идните вложувања, не само во однос на сегашното ниво на каматните стапки , но и врз основа на идните каматни стапки. Ова ја намалува несигурноста за утрешниот ден. Ваквите коментари на Евалд Новотни пристигаат во пресрет на состанокот на ЕЦБ следниот четврток . Очекувањата, како на пазарите , така и на експертите, се централните банки се дека ќе ја запазат тековната рекордно ниска стапка на каматите од 0,5%. 23 -та членови на Извршната канцеларија на ЕЦБ ќе заседаваат и поради последните економски вести од еврозоната , кои покажаа благо закрепнување во рамките на девизниот блок . Потрошувачката во еврозоната се подобри повеќе од очекуваното во август , достигнувајќи највисоко ниво за повеќе од две години , според податоците на европската статистичка агенција Евростат. Истовремено бруто домашниот производ на Германија , се зголеми за 0,7 отсто во вториот квартал во однос на периодот јануари -март , кога растот беше 0,1% . Минатата недела Евалд Новотни изјави дека до моментов нема причина за дополнително намалување на основните каматни стапки .
Слично

Поврзани вести