Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новосоздадените работни места во САД значително над очекувањата

Новосоздадените работни места во САД значително над очекувањата
Новосоздадените работни места во САД достигнаа 204 илјади во октомври, а во исто време стапката на невработеност се зголемила до 7.3% за прв пат во пет месеци наназад. За споредба, во изминатиот месец новите работни места во најголемата светска економија изнесуваа 148 000. Очекувањата на аналитичарите беа во исклучително широки граници во рамките меѓу 50 000 и 175 000. "Пазарот на труд се подобрува, но со релативно бавно темпо" смета Ричард Муди, главен економист во Regions Financial Corp., пренесува Bloomberg. "Новоформираните работни места растат со побавно темпо", додава аналитичарот. Речиси 800 000 федерални службеници беа привремено невработени минатиот месец, поради буџетската криза во земјата, која доведе до затворање на администрацијата. Објавените податоци претходно за приватниот сектор покажаа зголемување на бројот на вработените со 125 000 работни места во октомври, што беше речиси без промена во однос на претходниот месец, кога новите места беа 126 000. Една од компаниите кои вработуваат, е Amazon.com. За трите месеци до крајот на септември биле создавани во просек по 143 000 работни места, што е под 195-те илјади во првата половина на годината. Објавените извештаи вчера посочија одложување на бизнис трошоците за опрема и потрошувачка на домаќинствата во третиот квартал, загрижувачки сигнал за развојот на американската економија. По податоците, доларот регистрира раст во однос на останатите главни валути. Еврото се намали до ниво на трговија под 1.34, а во однос на јенот американската валута се зголеми до нивоа од 98.75.
Слично

Поврзани вести