(ВИДЕО) Новогодишната ноќ во Шангај трагична – во стампедо загинаа 35 лица
Во стампедо кое настанало за време на новогодишната прослава на кејот Вајтан во центарот на Шангај, најмалку 35 лица го загубија животот, а 42 се повредени, јавуваат локалните медиуми.
Откако непознат маж во толпата фрлил фалсификувани американски долари од покривот на една од околните згради настанал вистински хаос, луѓето почнале меѓусебно да се влечат и туркаат со цел да соберат дел од парите по што се случила трагедијата.
Надлежните веднаш започнале спасувачка акција со цел да им помогнат на повредените.
Повредените веднаш биле пренесени во болница, а нив ги посетил и градоначалникот на Шангај, Јан Сјун, пренесуваат медиумите.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=NJQgp4kHUdQ[/embed]
Слично
