НОВО ЅВЕРСТВО ВО СИРИЈА: Џихадистите ги масакрирале киднапираните работници
Сириската војска тврди дека екстеремистите на Исламска држава масакрирале 175 работници, киднапирани од една фабрика за цемент североисточно од Дамаск.
Ројтерс работи на потврдување на информациите.
Според претходните извештаи на агенциите, Исламска држава е обвинета дека киднапирала повеќе од 300 вработени во една фабрика за цемент во Сирија во градот Дмеир.
ИС го нападнала тој град откако претрпела низа загуби на територијата од страна на силите на сирискиот режим во изминатите недели, вклучувајќи ја и Палмира.
Слично
