Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ново злосторство: „Исламска држава“ ги тера децата да ги убиваат родителите!

Ново злосторство: „Исламска држава“ ги тера децата да ги убиваат родителите!

Џихадистите принудувале деца под 5- годишна возраст да ги убиваат родителите, покажува сведочењето на малите „војници“, пишува весникот „Дејли мејл“. Храбрите момчиња кои успеале да се извлечат од заробеништво на исламистите, сега се наоѓаат во бегалски камп во северен Ирак. Ако не ги послушале наредбите, им се наметнувале варварски казни.

Терористите на пример му ја искршиле ногата на 11-годишниот Нури, откако одбил да го посети џихад кампот за обука за „деца на калифатот“.

Помалото негово братче кое имало само 5 години, сега страда од ноќни кошмари, откако милитантите на „Исламска држава“ го имале во рацете. Ова момче е на иста возраст како и лондончето Џихадот Џуниор, кое се појавило во неодамнешно пропагандно видео на терористите.

„Кога не тренираа, велеа дека нашите родители се неверници и дека нашата прва работа е да се вратиме и да ги убиеме“, тврди 12-годишниот Назир. „Не ни даваа да плачеме, но јас мислев на мајка ми и постојано плачев“, изјавило момчето.

Слично

Поврзани вести