Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО ЖАРИШТЕ: Гори во Баварија

НОВО ЖАРИШТЕ: Гори во Баварија

Во градот Розенхајм во југоисточниот дел на германската покраина Баварија попладнево е прогласена вонредна состојба, поради пожарот што веќе неколку часа гори во блискиот шумски предел, објави ДПА. 

Во гаснењето на огнот се вклучени 135 пожарникари и 30 припадници на планинската спасувачка служба, на кои им помагаат четири хеликоптери.

Поради огнот властите ги затворија за движење туристичките патеки на блиската планина Шварценберг, што се наоѓа на германско-австриската граница.

Овие недели пожари имаше на границата на Шпанија и Португалија во Европа. 

На европско тло ова лето најголемите пожари беа во Грција. 

Слично

Поврзани вести