Ново вознемирувачко видео од масакрот во Париз од камерите на локалот
Речиси недела дена после терористичките напади во Париз се појави видео снимка која ја забележаа надзорните камери во еден локал кој бил мета на терористите.
На шокантното видео се гледа самиот почеток на крвавиот напад. Работниците од шанкот и гостите во локалнот опуштено си седеле кога одеднаш се појавил терорист и отворил рафален оган.
Следи паника, луѓето бегаат, легнуваат на под, некои се кријат зад шанкот.
На снимката се гледа како маж, за кој се претпоставува дека е избеганиот Салах Абдеслам, како држи автоматско оружје во рака, веројатно калашников.
Во еден момент го вперил оружјето во гостите на локалот, кои се криеле под еден од столовите на терасата. Сепак, од некоја причина не ги убил! Прашање е дали пушката му се заглавила или снемал муниција.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ULNLf0lZ0hk[/embed]