Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СИРИЈА ЗАЗЕМА СТАВ ЗА ИЗРАЕЛ: Како ќе се однесуваат со оваа земја?

НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СИРИЈА ЗАЗЕМА СТАВ ЗА ИЗРАЕЛ: Како ќе се однесуваат со оваа земја?

Новото раководство на Сирија не сака конфликти со Израел. 

Сирискиот лидер Абу Мохамед ал Голани рече дека Израел нема оправдување за нападите во Сирија, но тој сепак не е заинтересиран за нови конфликти, туку е фокусиран на обнова на земјата по соборувањето на Башар ал Асад.

Ал Голани ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која го собори Асад од власт минатата недела, ставајќи крај на петдецениското семејно владеење над Сирија.

Затоа Израел влезе во демилитаризираната зона во Сирија, создадена по арапско-израелската војна во 1973 година, вклучувајќи ја и сириската страна на стратешката планина Хермон со поглед на Дамаск.

Израел, кој најави дека нема намера да остане таму и го нарекува упадот на сириска територија како ограничена и привремена мерка за обезбедување на своите граници, изврши и стотици напади врз залихите на сириското стратешко оружје.

Неколку арапски држави, вклучително и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јордан, ја осудија израелската окупација на тампон зоната во Голанската висорамнина. Асад избега во Русија. 

Слично

Поврзани вести