Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новото раководство на Иран сака да разговара со Трамп?

Новото раководство на Иран сака да разговара со Трамп?

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото раководство на Иран сака да воспостави контакти со неговата администрација и дека тој планира да го направи тоа.

Трамп не откри детали за тоа кога точно ќе се одржат разговорите.

„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, изјави Трамп во интервју за списанието Атлантик.

Во друго интервју за Си-Ен-Би-Си, тој оцени дека американската операција во Иран се одвива „пред предвидениот рок“, без да навлегува во дополнителни детали.

Претходно, САД даде рок на Иран со цел да се договорат за спорното прашање. 

Вчера во напади на САД и Израел загина ајатолахот Али Хамнеи, но и многу важни воени лица.

Иранскиот политички ветеран Али Ларијани денеска соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство.

Инаку, лани летото САД извршија воздушни напади врз иранските нуклеарни капацитети.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести