Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО ПРАВИЛО ЗА СЛУЖБЕНИЦИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Да патуваат со воз, наместо со авион

НОВО ПРАВИЛО ЗА СЛУЖБЕНИЦИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Да патуваат со воз, наместо со авион

Службените лица во Швајцарија мора да користат воз како превозно средство за службени патувања. 

Нагласено е дека патувањето со воз ќе биде задолжително, без оглед на тоа што е побавно од патувањето со авион, пренесува AP.

Швајцарската влада донесе одлука дека тие мораат да патуваат со воз кога е можно наместо со авион.

Ова е во согласност со минатогодишната одлука до 2030 година да се намали емисијата на јаглерод диоксид за 30 проценти, и колку што е можно повеќе и да се инсистира на „зелена енергија”.

Има список на градови во кои до 1 јули сите федерални службеници мора да патуваат со воз, а меѓу нив се најдоа и Париз, Фиренца, Лајпциг и Салцбург.

Претходно, се случуваше министрите во Австрија да патуваат службено со воз, за симболични суми. 

Слично

Поврзани вести