Ново истражување: Британците денес би останале во ЕУ
Британците сега би гласале за останување на нивната земја во ЕУ, покажува анкетата објавена денеска на институтот Би Ем Џи, цитирана од Ројтерс.
На референдумот на 23 јуни 51,9% од Британците гласаа за напуштање на ЕУ, а 48,1%- за останување.
На прашањето во анкетата на Би Ем Џи дали Велика Британија да ја напушти ЕУ или да остане во неа, 45% од испитаниците сакаат останување, 43% напуштање, а 12% немаат став.
Анкетата е спроведена од 19 до 24 октомври меѓу 1546 полнолетни Британци.
Политичките лидери во Шкотска и Северна Ирска, каде повеќето луѓе поддржаа останувањето во ЕУ, велат дека најавената одлука на Врховниот суд на Лондон ја покажува конфузијата која владее околу пристапот на премиерката, Тереза Меј кон Брегзит.
Врховниот суд пресуди дека владата не може да ја активира постапката за напуштање на ЕУ без одобрение на парламентот.
