Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ново апсење за бомбашкиот напад во лондонското метро

Ново апсење за бомбашкиот напад во лондонското метро

Британската полиција уапси уште еден осомничен како дел од истрагата за петочниот бомбашки напад во лондонското метро, кога беа повредени најмалку 30 лица.

Во западното лондонско предградие Хаунслоу, непоредно пред полноќ, синоќа бил уапсен 21-годишен маж. Тој бил приведен согласно британскиот закон за тероризам и одведен во полициска станица во јужен Лондон.

Претходно вчера британската полиција во пристанишниот град Довер уапси 18-годишно момче и претресе зграда во градот Санбери, крај Лондон, во врска со нападот.


Слично

Поврзани вести