„НОВИТЕ“ ТАТКОВЦИ ДОБИВААТ 28 ДЕНА БЕСПЛАТНО ОТСУСТВО - еве во која држава ќе ја имаат таа привилегија
Во Франција, почнувајќи од први јули, новите татковци добија бесплатно отсуство од работа во траење од 28 дена.
Долго очекуваната реформа ќе им даде на татковците можност да посветат повеќе време на својата нова улога и семеен живот, пишува Б92.
Реформата ја удвојува претходната должина на отсуството за „татко или друг родител на биолошко или посвоено дете“ на 25 дена плус три за раѓање, од претходните 11 плус три дена, објави порталот „Франс 24“.
Трите дена предвидени „за раѓање“ ќе ги плаќа работодавачот, додека другите денови ќе бидат покриени од системот на социјално осигурување.
Во случај на раѓање на повеќе деца, се додаваат седум дена одмор, што дава вкупно 32 дена во споредба со претходните 18.
Мерката ја објави претседателот на Франција, Емануел Макрон, во септември минатата година и таа треба да им овозможи на младите татковци да учествуваат повеќе во грижата за детето, како и да ја намали нееднаквоста меѓу жените и мажите.
