Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новите санкции нема да ја запрат нашата ракетна програма, тврди сестрата на севернокорејскиот претседател

Новите санкции нема да ја запрат нашата ракетна програма, тврди сестрата на севернокорејскиот претседател

Сестрата на севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун, Ким Јо Јонг, денеска изјави дека дополнителните санкции нема да ја запрат ракетната програма на Северна Кореја.

„Нашето право на опстанок и развој е загрозено, зошто да се плашиме од санкциите што ги видовме досега, а кои не беа воведени првпат? Зошто да престанеме?“, изјави Ким за државната новинска агенција KCNA.

Таа додаде дека напорите на земјата да развие шпионски сателит се „итен приоритет директно поврзан со безбедноста“ на Северна Кореја, објави Ројтерс.

Северна Кореја вчера истрела две балистички ракети со среден дострел, што ги нарече „важен тест“ за развој на шпионски сателит.

Ким Јо Јонг рече дека Јужна Кореја апелира до други земји за да воспостават некаква меѓународна соработка.

Тие се обидуваат да ни воведат повеќе санкции“, изјави сестрата на севернокорејскиот лидер.


Слично

Поврзани вести